По повод 26 Јануари – Светски ден за едукација за заштита на животната средина, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и учениците од САБА под менторство на наставничката Бисера Бијелиќ-Стојчевска ни подготвија прекрасни видеа кои не едуцираат за заштита на животната средина преку посочување на главните проблеми и навики кои влијаат штетно на околината.

Во 1975 година, 26 Јануари е прогласен за Светски ден за едукација за заштита на животната средина. Оваа иницијатива била предложена од страна на Обединетите Нации по одржаниот „Меѓународен Семинар за еколошко образование” (UNESCO-UNEP) во Белград, во тогашна Југославија, од 13 до 22 октомври истата година. Како резултат на овој семинар бил објавен документот „Белградска повелба”, кој ги утврдува целите, целните групи и основните насоки на програмите за еколошка едукација на глобално ниво.

Средината во која живееме од ден на ден се повеќе покажува знаци на негрижа и масовно уништување на природните ресурси и средината во која живееме. Од овој светски проблем сме засегнати сите. Јавноста мора да биде информирана, свесна и едуцирана за ова прашање, да се изнајдат начини и да се започне со спроведување на акции со кои ќе се направат сериозни промени.

Работилницата ја завршивме со дискусија во која заеднички ги дефиниравме проблемите и разговаравме како ние како поединци можеме да се вклучиме во едукација на другите се со цел да ја заштитиме планетата Земја.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook