Оваа година на 12 мај се одржа 22 Републички натпревар „Млади Библиотекари“ во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани во организација на Библиотекарското здружение на Македонија и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. На натпреварот учество зедоа победниците од Општинските натпревари од сите општини од Македонија, придружувани од страна на нивните ментори и претставници од библиотеките.

Ученичката Сара Ѓоргиевска која ја претставуваше нашата библиотека освои трето место на овој натпревар, а библиотекарката м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски беше дел од комисијата за избор на натпреварот „Млади библиотекари“.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook