На 9.02. во просториите на СОУ„Таки Даскало“- Битола се одржа работилница на која се изработија обележувачи за книги. Учениците од втора и четврта година графичка струка, низ неколку фази изработија прекрасни обележувачи за книги со мисли за љубовта. Почнувајќи од компјутерска подготовка и дизајн на обележувачи за книги, до нивно печатење и обрежување, до финален производ. Овие ученици под менторство на своите професорки Весна- Мундишевска Велјановски и Катерина Спасовска- Маурдева и овој пат не изненадија со навистина уникатни изработки.
Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Facebook линк