Денес учениците од I и II одделение од подрачното основно училиште „Коле Канински“ – Буковски Ливади ја посетија нашата библиотека. Тие заедно со наставничките Славица Јошевска, Оливера Михајлоска и Бети Цивкаровска ги посетија сите делови од библиотеката, учениците имаа можност да се запознаат со работата на библиотеката и одделите во неа.

Потоа библиотекарките им прочитаа две прекрасни сликовници „Бурсунсул и Паскулина“ и „Мачето Марко и кучето Дарко“ во кои се зборува за важноста на другарството. Учениците за крај имаа можност да цртаат за другарството.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post