Учениците од IV и V одделение од подрачното училиште ООУ„Коле Канински“ – Буковски Ливади заедно со своите наставнички Магдалена Костова и Тања Николова ја посетија нашата библиотека. На наше големо задоволство учениците поставуваа многу прашања и покажаа голем интерес за работите кои имаа можност да ги видат при прошетката низ нашата библиотека. Тие имаа можност да слушнат и краток расказ од книгата наменета за нивна возраст „Шарени приказни“ од Ана Бунтеска.

„Три нешта ни останале од рајот: ѕвездите во ноќта, цвеќињата преку ден и детските очи.“ – Данте Алигиери

Продолжуваме…

Facebook post