Ходниците на нашата библиотека секој ден се исполнети со прекрасните детски лица, чии очиња светкаат од љубопитност. Вчера нашата библиотека ја посетија првачињата од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со своите наставнички Лилјана Алабаковска и Весна Аврамовска Димитровска. Тие имаа можност да ја разгледаат библиотеката, да научат многу нови работи за книгите, весниците, честитките, да го видат музејот, роднокрајниот оддел и на крај да им читаме во читалните. Нашите библиотекари им прочитаа две прекрасни сликовници „Кога ќе пораснеш“ и „Темница“, а учениците им нацртаа прекрасни цртежи со нивните вредни рачиња.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post