Денес нашата библиотека ја посетија учениците од прво одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“-Битола заедно со своите наставнички Гордана Анастасова, Даниела Петковска и Виолета Стевановска. Тие имаа можност да научат многу нови работи за библиотеката. Ги посетија магацините за книги, наменети за деца и возрасни, ги разгледаа магацините каде што се чуваат весниците и списанијата, збирката дробен печат (честитки, плакати, брошури и др.), роднокрајниот оддел и читалните.

Потоа заедно другарувавме со прекрасните сликовниците „Ежето Снеже“ и „ Куклен театар“ од кој сите заедно извлековме две важни поуки.

„Сите работи да ги делиме со нашите другарчињата“

„ Да се биде различен и посебен е прекрасно, сите сме уникатни на свој посебен начин“

Секоја посета во библиотеката е посебна, сите излегуваме со нешто ново научено.

Ви благодариме за се!

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post