На 28.11.2022 година во посета на нашата библиотека беа учениците од прво до петто одделение од ПОУ„Коле Канински“- Поешево со наставничките Мери Талевска-Стефановска и Магдалена Стоилковиќ и учениците од ПОУ„Коле Канински“- Буково со наставничките Санела Никодиноска, Катерина Каревска и Јасмина Најдовска.

Учениците ги посетија сите оддели на библиотеката, научија многу нови работи поврзани со книгите, весниците, дробниот печат и добија одговор на многу поставени прашања. Колку години постои библиотеката, која е најстарата книга во библиотеката, зошто весниците се чуваат заштитени беа само дел од поставените прашања на љубопитните дечиња.

„Немам посебен талент, единствено сум страсно љубопитен“ – Алберт Ајнштајн.

Ви благодариме за посета!

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post