„Убавите зборови малку чинат, а многу вредат“

Со оваа порака денес ни пристигнаа учениците од петто одделение од подрачното училиште „Тодор Ангелевски“-Горно Оризари. Тие со наставничките Мирјана Пупуноска и Лиле Котевска ни ги донесоа најубавите зборови и пораки што ги има во секое детско срце.

Лектирите можат да се читаат лесно и брзо. Ние денес тоа го покажавме со лектирата „Убави зборови“. Учениците ја обработија својата лектира во убава атмосфера, исполнета со игри и смеа. Денес научивме многу убави зборови кои можеме да ги подаруваме за да ги направиме среќни сите околу нас. Учениците ни читаа на глас песни од лектирата и акростих кои сами ни го подготвија.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook