На 17 и 18 мај во Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“ во Цетиње се одржа Третата меѓународна конференција на библиотекари, архивари и музеолози – ЛАМ, Црна Гора, 2022 година. За време на дводневната конференција, насловена „Европски насоки за соработка меѓу библиотеките, архивите и музеите – Агенда на ОН 2030 за одржлив развој – Библиотеките, архивите и музеите како посредници, креатори и партнери во подигањето на културната свест и разбирањето на заедницата“, 29-те учесници ги презентираа своите искуства од Црна Гора и регионот.

На Конференцијата учествуваше Јелена Петровска со презентација на најновиот проект на НУУБ „Св.Климент Охридски“ со тема „Библиотеката – место на средба во Дневната соба на градот“, како и во Панел сесија на покана од претседателката на Друштвото на библиотекарите на Црна Гора, Јасмина Бајо.

На Конференцијата во делегацијата од Македонија учествува и библиотекарите Фатма Бајрам Аземовска, Габриела Костадинова од Библиотеката во Пехчево и Магдалена Кочовска Салтирова од Библиотеката во Кочани.

Facebook link

Cetinje – Treća međunarodna konferencija bibliotekara, arhivista i muzeologa