На ден 23.11.2022 година, вработените Фатма Бајрам Аземоска, докторант и м-р Јелена Петровска остварија работна средба со Снежана Петровска – раководител на сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ во општина Битола.

За време на состанокот беа претставени целите на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“ .

Општина Битола даде целосна поддршка за зачување на ромскиот јазик и културното наследство бидејќи Ромите имаат многу малку пишани бајки. Малиот број кој сè уште постои е зачуван од раскажувачите и усно посредуван.

Мотивацијата за нашиот проект е од една страна да им ги вратиме сопствените бајки на Ромите во форма на европска книга за бајки и да ги зачуваме на овој начин за следните генерации. Секако, тие бајки ќе ги читаат не само децата, туку и возрасните, особено родителите, односно мајките Роми кои традиционално се одговорни за образованието на децата во ромските семејства. Со ова ќе се промовира писменоста и размислувањето за вредностите и културните аспекти на ромските заедници кои ќе бидат пренесени во семејствата преку читањето.

Од друга страна, сакаме да ги направиме тие бајки достапни за мнозинството како дел од европското културно наследство. За тоа ќе придонесе монографијата за ромски бајки што ќе ја елаборираме во текот на проектот и активностите на раскажувачите кои ќе се обучуваат врз основа на ново развиена наставна програма.

Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција. Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата и координиран од германската организација „Југендстил“.

Facebook post