НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во рамките на БИТФЕСТ 2015 започна со спроведување на проектот „ЧИТАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО“.

Следејќи ги светските трендови и текови на развој на библиотеките, со овој проект се нудат современи алтернативни форми на промоција и полуларизација на книгата поврзувајќи ги културата на читање книги со општата култура и цивилизациски развој на Битола.

Во спроведувањето се вклучени значајни личности од јавниот живот на Битола љубители на книгата кои преку својата животна приказна им го претставуваат значењето на книгите во постигнувањето на нивниот успех.

На денешниот настан присутни беа Димитар Андоновски – естраден уметник, Маја Андоновска Илијевска – актер, Д-р Валетнина Илиева почесен конзул на Република Австрија во Република Македонија, Жанета Михајлова – воспитувач, Мартин Николовски – средношколец, Иван Марковски поранешен ракометен репрезентативец, Радован П. Цветковски – писател, Неда Маретиќ – новинар и тв водител и Д-р Ели Тасевска Димовска – специјалист педијатар.

Децата имаа можност да дознаат како книгите влијаеле на нив да станат успешни и кои им биле омилените книги како деца.