„Учете го вашето дете на наука, не со сила туку со игра.“ – Платон

Учениците од V одделение со својата наставничка Лили Јанковска, ја посетија нашата библиотека. Нивните насмеани лица донесоа среќа и ни го направија денот прекрасен. Секој дел од библиотеката беше нешто ново и магично. На љубопитноста и немаше крај.

„Пинокио “ е лектира за деца која учениците заедно со библиотекарката ја дискутираа.

Полесно се учи преку разговор, со бура од идеи.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post