На ден 13. 09. 2022 година м-р Фатма Бајрам Аземовска – Раководител од областа на развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста оствари работна средба со директорката Лидија Споа на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола на која се разговараше за реализирање на заеднички активности во престојната учебна година.

Динамичниот раст и развој на економијата, технологијата и глобалниот пазар наметнуваат промени во образовниот процес кои бараат поинаков пристап во стекнувањето на знаењатa, вештините и компетенциите.

Библиотеките и училиштата имаат заеднички задачи – образование на активна, интелектуално развиена, креативна личност, способна да се прилагоди на секоја социо-економска средина. Наша заедничка цел е да создадеме услови за висококвалитетна информативна поддршка на учениците, да создадеме кај учениците интерес за книги и читање.