Нашата библиотека, како најголема во регионот е секогаш отворена за размена на искуства и реализација на нови активности и проекти, а со своите компетенции влијае на развојот на библиотечната дејност, особено во западниот дел на државата, па и пошироко.

Средбата на двајцата директори на националните установи од библиотечната дејност и нивните соработници е прилика да се разменат искуствата од работењето, како во организациска смисла така и програмски, укажувајќи на можностите за реализација на иновативни и креативни библиотечни програми за сите возрасти.

На средбата присуствуваа и програмски директор од Битола, како и библиотекарите од Охрид, така што имаа прилика да разменат мислења за тековни проблеми во библиотечното работење и можности за соработка.

Директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид м-р Милчо Јовановски со соработниците ги посетија сите оддели на библиотеката, со што се отворија и нови можности за развој на библиотечната дејност во Охрид, поткрепени од искуствата на Битолската библиотека.

Битола, 21.07.2022

Facebook link