На покана на Австриската библиотека од Битола на ден 1.11.2022 година, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа меѓу училишна работилница на која учествуваа ученици од две основни училишта од Битола, OОУ “Елпида Караманди” под раководсво на м-р Билјана Митковска и OОУ “Тодор Ангелевски” под раководство на м-р Симона Монавчева научен соработник на Австриската библиотека. Работилницата се состоеше во читање и превод на книги од австриски писатели.

Раководителката на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева ја отвори работилницата со поздравен говор, се заблагодари за се поголемиот интерес на учениците да учествуваат во воннаставни активности поврзани со германскиот јазик.

Во работилницата вклучени беа вкупно 24 ученици од двете училишта кои беа поделени во четири групи од по шест ученици. Обработувани беа книги од следните австриски автори: Mira Lobe, Vera Ferra – Mikura, Käthe Recheis, и Heinz Janisch. Учениците обработуваа дел од избраната книга, го преведуваа а потоа презентираа на германски и на македонски јазик.

На крајот од работилницата, секој од учениците доби подарок од раководителката на Австриската библиотека, а тој подарок всушност за учениците има големо значење и поттикнува уште поголем мотив за понатамошно негување на германскиот јазик и учество во следни проекти.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link