Деновиве во повеќе градови во нашата држава (Прилеп, Битола, Радовиш и Охрид) библиотекарите имаа прилика да го проследат предавање на тема „Важноста на читање“ и „Реализација на иновативни библиотечни програми и проекти“ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево (Р. Србија).

Библиотеките од овие градови успешно организираа повеќе предавања и работилници за библиотекари, на кој присуствуваа и библиотекари од другите библиотеки од државата (Скопје, Кочани, Пехчево и т.н.)

Присутните имаа можност да го проследат мотивационо предавање на Драгана Типсаревиќ, библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотеката „Стефан Првовенчани“од Краљево, Р. Србија. Типсаревиќ е носител на награда „Вук Караџиќ, како и на националната награда од областа на библиотечното работење. Таа има учествувано и организирано многу значајни настани, собири, а била и член на национални совети во државата. Била член на државни делегации и зад неа стои плодна библиотечна и научна кариера.

Во Битола, Типсаревиќ учествуваше и во Вториот стручен собир на факултетските библиотекари со три презентации.

Професионалното усовршување е задолжителна компонента во стручната и професионалната работа на секој библиотекар. Навистина е големо и несекојдневно искуство да се разменат идеи и искуства со библиотеката „Стефан Првовенчани“ од Краљево, кои покажаа дека и со ограничени финансиски средства можат да се креираат исклучително важни програми за сите возрасти.

Повеќе фотографии на следниов линк:

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=nuub.mk&set=a.488375206664802