Во Корча е реализиран проектот „Билатерална соработка на библиотекари и презентација на библиотечни програми во услови на пандемија (Ковид-19) – искуства на македонски и албански библиотекари во Корча“ каде што беа разменети искуства од областа на библиотечното работење.

Координатор на проектот и предавач м-р Јелена Петровска со презентација насловена како „The impact of the Libraries in the time of Covid” (Активности на библиотеките во времето на Ковид) зборуваше за можности за реализација и работа на библиотеките во сложени услови поврзани со пандемија. Со другиот дел на презентацијата беа претставени најуспешните и иновативните проекти кои библиотеката ги има реализирано како во државата, така и во меѓународната соработка. На покана на координаторот на средбата активно учество зедоа библиотекарите од Библиотеката од Гостивар, како и библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ кои работат на проекти и во библиотечната дејност. Се покажа дека е можна дисеминација на проекти и знаења, но уште поважно дека проектите можат да бидат во функција  за градење на ефикасниот тим во остварувањето на библиотечните активности (tim building).

На Средбата беа присутни и претставници на Универзитетот од Корча кои најавија интерес за соработка со нашиот Универзитет, а целиот настан беше проследен од присутните медиуми и новинари кои имаа повеќе прашања за функционирање на библиотеките во Р.С. Македонија.

Во Корча беше потпишан Меморандум за соработка во областа на библиотечната дејност.

М-р Јелена Петровска, библиотекар советник

Програмски раководител

Видео линк од средбата