На 26 април 2013 на Педагошкиот факултет во Битола- Универзитет Св. Климент Охридски  се одржа предавање „Музиката во Австрија“.Амбасадорот на Република Австрија д-р Томас-Михаел Бајер ја прифати поканата на Ректорот на Универзитетот проф. д-р Златко Жоглев, со неговото предавање  „Музиката во Австрија“ да го збогати одбележувањето на 34-от роденден на Универзитетот, кој оваа година изобилуваше со многубројни манифестации.Продеканот за настава проф. д-р Валентина Гулевска го поздрави и го покани гостинот да го одржи неговото предавање. Студентите покажаа голем интерес и дискутираа по предавањето со Амбасадорот.