Нашата колешка м-р Фатма Бајрам Аземовска со свое излагање на денешното предавање на тема „НЕ, на врсничкото насилство“

“НЕ за врсничкото насилство”, беше насловот на трибината која денес се одржа по повод одбележувањето на Светскиот ден за превенција од насилство врз децата.

Настанот беше во организација на Правна клиника – Правен факултет УКЛО и Rotary Club Bitola Pelister и на истиот свое учество зедоа повеќе од деведесет деца од основните училишта во Битола.

Од инспиративните говори на излагачките, како и од дискусијата, заеднички беше заклучокот дека на темата е актуелна, состојбата алармантна и сеуште многу треба да се работи за да се подигне свеста кај младите, кои треба да го дигнат својот глас и да кажат НЕ НА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post