На 27.06.2022 година директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски оствари средба со претседателот на Ротари Клуб Битола „Широк Сокак“ со седиште во Битола, Владимир Христовски.

На оваа средба овие две институции потпишаа меморандум за соработка, на кој начелно се поставени начините и условите за спроведување на соработката.

На оваа средба претставниците од Ротари Клуб Битола „Широк Сокак“ Владимир Христовски и Моника Марковска беа запознаени со проблемите и со новитетите во нашата библиотека, а се разговараше и за идни заеднички проекти.

Facebook link