Во рамки на одбележување на 22-ри МАЈ СВЕТСКИ ДЕН НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката Елена Мирчевска од ОЈУ Зоолошка градина – Битола.

Целта на меморандумот е заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието, културата и билошката разновидност;

– Учество, соработка и реализација на заеднички проекти;

– одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.

– работилници за едукација на животни;

– читање на приказни со тема за животни и многу други активности поврзани со читање на книги и животни.

Во скоро време следува нова активност – во која сите наши читатели ќе уживаат со книги во ЗОО Битола.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook