На 13. 09. 2022 година директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски и претседателот на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола Елизабета Јончиќ потпишаа меморандум за соработка.

На средбата се дефинираше начинот и услови за соработка помеѓу овие две институции. Дел од активностите на овој меморандум се промоција на нови изданија на членовите на БКК, реализација на заеднички работилници од областа на книжевноста, реализација на литературни конкурси, читања, тркалезни маси и сл.

Facebook link