Денес нашата библиотека ја посетија учениците од трето и четврто одделение од ПОУ„Коле Канински“ од Буковски ливади со своите наставнички Весна Ангелевска и Татјана Стаменковиќ. Оваа посета е организирана по повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето.

Децата се нашата иднина. Како што на цвеќето им треба сонцето, така на децата им требаат книги. Затоа денес другарувавме со книгите, научивме многу нови работи поврзани со библиотеката и со нејзината работа. Заедно учевме и се забавувавме.

Учениците имаа можност да ја слушнат приказната од прекрасната книга „Кралот Бен“ а потоа цртаа највпечатливи случки од книгата.

Оваа книга ни дава прекрасна поука како треба да се однесуваме како дете, а како не треба.

Ве очекуваме повторно!

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post