Денес нашата библиотека ја посетија децата кои го посетуваат едукативниот центар во Битола- „Smart Kids“ со своите наставнички Маја Јовановска и Елена Дуле Димитровска .

Оваа посета ја започнавме со една забавна прошетка низ библиотеката, а потоа сите заедно уживавме во поезијата за деца која ни ја читаа : Атанасиј, Андреј, Марко, Михаил, Јана, Филип и Андреј.

За крај библиотекарката им прочита една прекрасна поучна сликовница со наслов „Денеска ти нема да играш“ од која научивме дека не треба да им наредуваме и да измислуваме работи за нашите другарчиња. Бидејќи тој што прави лошо, на крај лошото му се враќа.

Им благодариме за посетата!

Facebook link