На 17.10.2017 во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа 18. Општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој зедоа учество ученици од основните  училишта од Битола и по еден ученик од училиштата во  Бистрица, Новаци и Добрушево, вкупно единаесет  претставници.

Тричлената комисија во состав: претседател Јоланда Бошевска, библиотекар советник, член Илче Стојановски, виш библиотекар и член  Гордана Пешевска, виш библиотекар, по завршувањето на одговорите на прашањата од страна на учесниците, ги прегледа тестовите и ги соопшти резултатите:

1. Благица Митровска, 9 одд.  ОУ  „Браќа Миладиновци“,  с.Добрушево, 91

2. Изабела Насковска, 9 одд. ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола, 90

3. Марија Михајловска, 9 одд. ОУ „Крсте Петков Мисирков“, с. Бистрица, 87

4. Ана Долевска, 7 одд. ОУ  „Трифун Пановски”, Битола, 80

5. Христијан Јовановски, 9 одд. ОУ „Елпида Караманди“, Битола, 76

6. Евгенија Трајковска,  8 одд. ОУ „Славко Лумбарковски”,  с. Новаци, 70

7. Јана Христовска, 9 одд. ОУ „Гоце Делчев“, Битола, 62

8. Ана Марија Домазетовска, 9 одд. ОУ „Тодор Ангелевски“, Битола, 59

9. Марија Цветановска, 9 одд. ОУ „Коле Канински“, Битола, 56

10. Теодора Јовчевска, 7 одд. ОУ „Св. Климент Охридски“, Битола, 44

11. Ева Диманоска, 9 одд. ОУ „Даме Груев“, Битола, 40

Според утврдените правила за овој натпревар на 18. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на 03.11.2017 г., ќе учествува ученичката од ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево, која освои најмногу бодови, а тоа е:  Благица Митровска со освоени 91 бодови од вкупно 100.