Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола го организира Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овај натпревар имаат сите ученици од основните училишта до 14 годишна возраст кои се членови на училишните библиотеки или Детската библиотека која работи во состав на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. За подготовка на учесниците за овој натпревар Ви го предлагаме Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“ кој ќе ви го обезбеди Библиотеката.

Рокот за пријавување за учество на натпреварот е до 28 септември 2018 год., писмено по пошта на адреса Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39 со назнака за Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ или лично секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот. Општинскиот натпревар ќе се одржи на ден 02 ноември 2018 год. (петок) со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката. Се надеваме дека ќе соработувате со нас и што е можно побрзо ќе го одредите Вашиот претставник за да би можел благовремено да се подготви за натпреварот. Победникот од овој натпревар се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи на 16 ноември (петок) во 12 часот во Народната библиотека „Илинден“ – Демир Хисар. Учеството на овај натпревар го овозможува Библиотеката.