Знаејќи дека развојот на општеството е заснован врз основа на целокупното знаење на човештвото, библиотеките имаат клучна улога во зачувувањето и пренесувањето на сето тоа знаење. Денес библиотеките не можат потполно да ја одиграат својата улога доколку нивното функционирање не е поткрепено од современата информациска и комуникациска технологија. Затоа библиотеките кои што се дел од регионалната мрежа COBISS.NET се чекор понапред од останатите библиотеки, со тоа што нивните корисниците на библиотечни услуги имаат пристап кон повеќе информации.

Затоа нашата библиотеката НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола која е дел од таа регионална COBISS.NET мрежа започна со обуки на студентите од битолскиот универзитет за користење на COBISS+ , со цел да им се олесни пребарувањето на литературата која им е потребна.

Обуката ја започнавме со студентите од Педагошкиот факултет од Битола кои имаа можност да се запознаат со web апликацијата на тој систем т.е. COBISS+ која што претставува алатка за пребарување во библиотеките, односно се пристапува кон online каталозите на сите библиотеки кои што го имаат имплементирано COBISS системот во своето библиотечно работење. Она што сакавме да им го пренесеме на студентите беше како функционира апликацијата COBISS+ и кои се можностите кои таа ги нуди, односно од пребарување на публикации по автор, наслов, клучни зборови, ISBN и ISSN број, предметна определница итн. Со помош на овој пребарувач кој што е со слободен пристап, студентите ќе можат да пребаруваат во базите на библиотеките со цел да дојдат до литература адекватна на нивните образовни потреби.

Со оваа активност ние се стремиме кон извршување на една од многуте цели на библиотеките, а тоа е да допринесеме за унапредување на стручната и научно истражувачката работа и развој на образованието, науката, културата и другите дејности.

Библиотекари: Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post