„Поезијата доаѓа од највисоката среќа или најдлабоката тага“. – А.П.Ј. Абдул Калам

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги поканува љубителите на поезијата да бидат дел од нашиот настан по повод 21 март – Светскиот ден на поезијата.

Оваа година сакаме да Ве слушнеме Вас драги наши читатели, љубители на пишаниот збор.

Сите заинтересирани читатели можат да бидат дел од овој настан, преку пријавување на нашата е-маил адреса: nuub.bitola@gmail.com. Се што треба да направите е да ни испратите ваши податоци ( име презиме, тел. број) и која творба ќе ја читате (ваша или од некој познат писател).

*Услов е да имате над 18 години и повеќе.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Настанот ќе се одржи на 21 март (вторник) во 12 часот.

Ве очекуваме, заедно да уживаме во моќта на поезијата.

„Поезијата… е откривање на чувството за кое поетот верува дека е внатрешно и лично, а кое читателот го препознава како свое“. – Салваторе Квазимодо