Почитувани ученици, наставници, родители и љубители на пишаниот збор,

Ви благодариме за покажаниот интерес за учество на поетскиот конкурс „Младите поети пишуваат за планетата Земја“, кој беше објавен по повод 22 април – Светскиот ден на планетата Земја и 23 април – Светскиот ден на книгата.

Збирката поезија беше промовирана во Зоолошката градина – Битола на 5 јуни (недела), по повод Светскиот ден на животната средина.

Збирката поезија содржи 43 песни, учестуваат млади поети од нашата земја и од соседните земји.

Ротари клубот „Битола Широк сокак“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во чест на прерано починатиот ротари член Нешат Аземовски, започнаа да го реализираат проектот „Младите поети пишуваат за планетата Земја“.

Нешат Аземовски, беше долгогодишен еко-активист и основач на невладината „Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, промотор на вредностите на мултикултуризмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата.

Facebook link