По повод Патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, распишуваме литературен и ликовен конкурс на тема:

„Буквите наши за мисли неискажани“

Конкурсот е наменет за учениците од I-IX одделение од основните училишта и од I-IV година од средните училишта.

Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме учениците да пишуваат, да цртаат, да го промовираат и афирмираат своето креативно и уметничко творештво.

Секој ученик има право да учествува со една поетска творба или расказ на темата, напишани во формат times new roman, со македонска поддршка, со големина 12, како и еден цртеж.

Творбите и цртежите треба да ги содржат следниве податоци: име и презиме, возраст, адреса, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор) .

Литературните творби треба да се достават на следниот е-мail: nuub.bitola@gmail.com

Цртежите да се достават во библиотеката, кај библиотекарката м-р Гордана Ѓорѓиевска – Неделковски со следниве податоци: име и презиме, возраст, адреса, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор).

Творбите и цртежите да се достават до 25.11.2022 година.

Резултатите ќе бидат објавени на Facebook профилот на Бибилиотеката.