На покана на Австриската библиотека од Битола на ден 12.05.2022 година, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа работилница со љубители на германскиот јазик, слушатели од Центарот за германски јазик „Илиеви“ и ученици од средните училишта „Таки Даскало“ и Државното музичко училиште и студенти од Меѓународниот славјански универзитет под менторство на проф. Елена Сотиров и проф. Кристина Атанасовска.

Работилницата се одржа на тема „Лектири на германски јазик – читање и разбирање “.

Раководителката на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева ја водеше работилницата претставувајќи ги лектирите на германски јазик од Австриската библиотека. Лектирите можат да ги читаат членовите на библиотеката дури и со основните познавања на германскиот јазик. Еден текст од лектира од А 1 ниво „Роња трча“ беше земен како пример за разработка. Ваквите лектири од веб страната на издавачката куќа можат да се симнат и да се слушаат како аудио книги, а најинтересниот дел од работилницата беше секако работата во парови на вежбите по секој текст, вежби кои ни овозможуваат проверка на разбраниот текст. Со големо внимание беше проследено и пребарувањето во книжевниот фонд на Австриската библиотека.

Учесниците со големо внимание ја следеа работилницата и изразија желба за почести работилници од овој вид.

Малите речници и бележниците за книги беа само мал спомен од оваа работилница кои си ги понесоа учесниците како спомен од оваа дружба.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook