По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Организација на жени на Општина Битола – Битола и НУУБ ,,Св.Климент Охридски,, – Битола распишуваат традиционален литературен конкурс за краток расказ. Оваа година по десетти пат.

Право на учество имаат сите автори кои пишуваат на македонски јазик.

Пропозиции

*Тема – ,, Чест”

*Расказот (во 3 примероци) да е најмногу 3 страници А 4 формат. Се потпишува под шифра и се става во поголем плик.

*Во помал плик се пишува решението на шифрата со име и презиме на авторот, адреса и телефонски број. Малиот плик се става во големиот плик.

*Расказите да се во Word, Times New Roman, фонт 12 и кирилично писмо.

*Конкурсот е отворен од 25 Јануари 2023 год. до 25 Февруари 2023 год.

# Доколку ученици испраќаат раскази ги замолуваме да напишат ,,ученик” во решението на шифрата.

*Се испраќа на следната адреса

Светлана Папачек

Климент Охридски бр.1

7000 Битола

Расказите ќе ги оценува реномирана жири комисија. Ќе бидат доделени 3 симболични награди.

За датумот на доделување на наградите ќе има дополнително известување.

Ги замолуваме авторите да го почитуваат рокот за испраќање на расказите.

Со среќа на сите.