Вчера во просториите на Битолската библиотека се одржа прекрасен книжевен портрет за Јордан Плевнеш.

Господинот Јордан Плевнеш е поет, драматург и романсиер, амбасадор на нашата држава во Франција, Португалија и Шпанија.

Беседа одржа почитувана проф. д-р Кристина Николовска.

Почитуваната професорка истакна дека е свеченост да се беседи за великанот Јордан Плевнеш. Свеченост е да се слави грандиозникот на големиот македонски духовен и твроречки подвиг. Оној кој земјата и традицијата, речта и јазикот ни ги воскрена на највисоко. За г-динот Плевнеш истакна дека е општественик, дипломат, амбасадор на нашата држава во Франција, Шпанија и Португалија, амбасадор на УНЕСКО, амбасадор на нашата култура, но и амбасадор на арното, убавото, профаното. Афирматор на македонските, семакедонските вистини во светот. Добитник на многу престижни награди.

И на крај истакна дека е жител на светот, кој живее, твори и гласноговори и во Париз и во Скопје, но и низ метрополите на светот, оти каде и да стапне со своите дела – сотворува културни престолнини. Така и од Скопје, Битола и Балканот возвиши светски театарски и уметнички метрополи.

Проф.д-р Христо Петрески, претседател на ДПМ, настанот го направи многу интересен и сите присутни уживаа затоа што г-динот Плевнеш одговараше на 10 прашања кои му ги постави професорот Петрески.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook