Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола поставена е изложба на цртежи од младите членови на студиото „Адамс АРТ“ кои своето слободно време го поминуваат дружејќи се и творејќи во магијата на боите.

Овој настан е дел од проектот „Биди свој! Креативни работилници за сите возрасти“ кој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, кој има за цел да ги поддржи младите во правилно насочување на нивното слободно време и поттикнување на нивната креативност.

Благодарност до Анкица Стевановска и нејзиниот тим што беа дел од оваа активност.

Координатори на проектот

Маријан Колевски

м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковски

Facebook post