Прошетките низ нашата библиотека ги продолжуваме со учениците од трето одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Тие ни дојдоа заедно со нивните наставнички Пандора Алексова Запаренко и Жанета Лутовска и образовните асистенти Кристиана Неделковска Ќуриќ и Билјана Николовска. Учениците ги разгледаа магацините со книги, музејот на библиотеката, роднокрајниот оддел, одделот периодика и дробен печат. Разговаравме што им е познато а што не им е познато, што тие сакаат да читаат. Потоа библиотекарките на учениците им ги прочитаа „ Вики и очилата“ и „Носот на куклата“, прекрасните сликовници. Потоа учениците ни ги нацртаа најинтересните моменти кои им останаа во сеќавање од сликовницата.

Ви благодариме дечиња на посетата!

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post