На ден 13.09.2022 година НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ја продолжи кампањата за доделување на Ваучери за едногодишна бесплатна членарина за сите ученици од прва година од средните училишта.

Имавме можност да се дружиме со учениците од прва година од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, на кои им поделивме ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека и им посакавме среќна и успешна учебна година.

Нивните насмеани лица кажуваат колку се среќни што ќе можат да ги користат нашите услуги, но и желни за знаење, нагласувајќи дека со посета на нашата библиотека би го прошириле своето знаење.

Голема благодарност до директорката Жанета Сирвини која ни овозможи да бидеме дел од првите училишни денови и да ги израдуваме учениците од прва година.

Facebook link