Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ беше организиран во роднокрајната читална на Библиотеката на ден 16.10.2009 год. со почеток во 11 часот.На општинскиот натпревар зедоа учество ученици од основните училишта од Битола и по еден ученик од училиштата воБистрица,  Новаци,  Добрушево,  Могила,  Цапари со вкупно петнаесет  претставници.Прво место на Општинскиот натпревар овои ученичката Емилија Недановска од ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево. Второ место освои Теодора Сакурмовска од ОУ „Гоце Делчев“ од с. Могила и трето место освои ученичката Стефанија Поповска од ОУ„Тодор Англевски“ од Битола.
Според утврдените правила на Републичкиот натпревар Библиотеката ќе ја претставува победникот од Општинскиот натпревар.