Ја започнавме неделата со примање на подароци – новогодишни честитки, изработени од вредните детски рачиња на децата од градинката „Мали Генијалци“.

Тие ни подарија честитки за вработените и за редовните читатели со порака за среќни божиќни и новогодишни празници.

Потоа ние како домаќини ги запознавме со работата на Библиотеката и детскиот оддел. Ние им подаривме сликовници и ги чекаме после празниците да се зачленат бесплатно во Библиотеката.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook