НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со невладината организација „ДОГМА“ започна со реализирање на проектот „Вечери на креативноста“, одобрен од Министерство за култура на Република Северна Македонија. На 18.05.2022 година во Хотел Театар се реализира втората вечер – Вечер на книгата „Подари книга од наш автор“.

На наше огромно задоволство, гости на вечерта беа писателите: Вера М. Самарајнин (Благојевиќ), Билјана Андоновска, Ивана Килибарда, Биљана Тодоровска и Влатко Стојковски, кои специјално за оваа вечер подарија над 60 книги. Сите присутни на настанот имаа можност да се запознаат со писателите и да уживаат во нивната поезија, рецитирана во духот на оној што ја напишал. Подарените книги беа поделени на гостите. Секој доби книга како спомен од оваа вечер. Останатите книги беа поделени на случајни читатели во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Координатори на проектот: Марија Марковска и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски

Facebook link