Авантурата продолжува

Овој пат се дружевме со учениците од прва година од средното приватно училиште САБА.

Им посакавме среќна учебна година со ваучерите од нашата Библиотека за бесплатно едногодишно членство. Бидејќи 13 Септември во светот е одбележан како Ден на позитивното размислување, побаравме од учениците да ни напишат по една позитивна мисла на денот.

Нивните насмевки ни го направија нашиот ден позитивен а ние со позитивна мисла продолжуваме да се дружиме со сите ученици од средните училишта во нашиот град.

„Кога не можеш да одлучиш, запомни две работи: Ако нешто те прави среќен, направи го. Ако не те прави среќен, не го прави.“ непознат автор.

Facebook link