Здружението на одделенски наставници Учител на РСМ, претставувано од нејзиниот претседател,одделенски наставник Наташа Тодоровска имаше средба со Фатма Бајрам Аземовска докторант и м-р Јелена Петровска вработени во Библиотеката и дел од проектот „SASAS JEKHVAR JEKH – НЕКОГАШ ОДАМНА … И СЕГА“.

Тодоровска беше запознаена со целите и активностите во рамки на проектот „SASAS JEKHVAR JEKH – НЕКОГАШ ОДАМНА … И СЕГА“.

Децата уште од најмала возраст се запознаваат со бајките и нивната волшебна моќ, па се замислуваат во улога на принцези и принцови, јунаци кои со необична храброст победуваат змејови, џинови, злобни самовили и сл. Голем дел бајките од светот се запишани, зачувани и се пренесуваат со генерации не само меѓу помладите туку и повозрасните генерации. Најголем дел од нив добија и анимирани и филмски верзии со што остануваат вечно меѓу нас.

Се што оди во прилог на поттикнување и развивање на читателски навики, промовирање на читањето, промовирање на читањето, раскажувањето со цел продолжување и зачувување на традиционални вредности, здружението Учител, како наставници го поддржуваат проектот.

Се надеваме дека бајките ќе заживеат заедно со сите други приказни и текстови од разни краеви во светот кои ги користиме на часовите по македонски јазик.

Средбата се одржа на ден 25.11.2022 година.

Facebook post