Австриската библиотека во Битола организира литературно читање за ученици од Основното училиште „Елпида Караманди“ Битола. Поканата за учество во настанот ја прифати Билјана Митковска проф. по германски јазик која што ги органзира учениците кои го изучуваат германскиот јазик во ова основно училиште. Тие со голем интерес се приклучија на online читањето на zoom платформата. Раководителката на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева ги поздрави присутните и ја претстави м-р Симона Монавчева, германист со изработен магистерки труд за делата на Кристине Нестлингер, која им прочита на германски јазик извадоци од книгата „Божиќни приказни од Франц“ прикажувајќи им притоа на учениците и илустрации од самото дело. На крај учениците имаа можност да постават прашања и да дискутираат и самите ученици изразија желба да се подготват и самите да организираат литературно читање на германски јазик.

Facebook link

Линк од објавата на настанот на web страната на Австриски библиотеки