Млади библиотекари 2013

Печати

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола, на ден 07.10.2013 година го организираше традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“ кој се одржа во просториите на Библиотеката.

За потребите на општинскиот натпревар се формираше тричлена комисија и тоа во состав на Бошевска Јоланда – претседател, Стојановски Илче и Пешевска Гордана– членови.На натпреварот земаа учество 12-мина ученици од основните училишта од Битола, Новаци , Бистрица, с.Добрушево.

 

Првото место и припадна на Ивана Карасманакис ученичка во VIII- 3 одделение при ОУ “Св.Климент Охридски“ - Битола. Второто место го освои Евгенија Пројкоска ученичка во VIII-б одделение од ОУ “Св.Кирил и Методиј“ – Битола и третото место и припадна на Наталија Богдановска од ОУ „Браќа Миладиноци“ с.Добрушево.

Победникот на натпреварот Ивана Карасманакис се стекна со право да учествува на 14-от Републички натпревар на „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 25.10.2013 година во локалната библиотеката “Страшо Пинџур“ во Неготино.