Млади библиотекари

Печати

( 1 Глас )

НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола, на ден 03.10.2012 година (среда)  го организираше традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“ кој се одржа во просториите на Библиотеката.
На натпреварот земаа учество 15-мина учесници од основните училишта од Битола, Новаци и Могила.

Првото место и припадна на Лина Гроздановска,ученичка во VII одделение при ОУ “Тодор Ангелески“ - Битола.Второто место го освои Гордана Саботковска,, ученичка во VII одделение од ОУ “Гоце Делчев“- Могила.

Третото место и припадна на Марија Ѓуровска, ученичка во VIII одделение при ОУ „Браќа Миладиновци“ - с. Добрушево.
Победникот на натпреварот Лина Гроздановска се стекна со право да учествува на 13-от Републички натпревар на „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 19.10.2012 година во библиотеката “Браќа Миладиновци“ во Скопје.