„Зигмунд Фројд или како соништата стануваат реалност“

Печати

( 7 Гласа )

Во оргaнизација на Амбасада на Република Австрија во Македонија, почесениот Австриски Конзулат во Битола, Австриската библиотека, во НУУБ „Св Климент Охридски“ - Битола беше одржано предавање на тема „Зигмунд Фројд или како соништата стануваат реалност“ на германски јазик.
Предавањето беше одржано од страна на австриската реномирана историчарка Лиза Фишер, а по повод 75-годишнината од смртта на таткото на психоанализата.
Ова предавање е во рамките на богатата и разновидна културна програма на почесниот австриски Конзулат за оваа година, со цел одбележување на пријателството помеѓу Македонија и Австрија.