Промоции 07.03.2008 г.

Печати

( 0 Гласа )

ПРЕДАВАЊЕ И ИЗЛОЖБА НА КНИГИ

По повод 8 Март - Денот на жената, Здружението на уметници ракотворци “Македонски ракотворби” - Битола и Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”- Битола,. на 07.03.2008 година,  во салата за промоции на Библиотеката во 18 часот организираја Трибина на тема “Жената низ традицијата и современото живеење” воведничар на темата беше г-ѓа  Павлина Јовановска. Со свои излагања учество зедоја и г-ѓа Јулијана Петровска претседател на ЗУР, г-ѓа Даринка Крстанова почесен конзул на Руската Федерација во Битола, г-ѓа Марија Герас - Дочовска претприемач од Битола и г-ѓа Биљана Опашинова од организацијата на жени од Битола а во холот на Библиотеката беше отворена Изложба на книги насловена како “Жени писатели од Македонија”.