Природата и и животните низ фокусто на чудните доживување на фотографот Миле Илоски

Печати

( 0 Гласа )

Секоја фотографија претставува миг светлина заробен од чувствата на фотографот. Чудните доживувања на фотографот се чудни за нас набљудувачите, додека за фотографот претставуваат нормален израз на развиените сензори на душата кои поинаку ја доживуваат и рефлектираат светлината низ објективот на својата фотокамера.Љубителите на природата не можат секогаш да се донасладат на убавините на природата и во еден процес на возвишување кон убавото ја земаат својата фотокамера и се обидуваат низ своите фотографии да ги споделат емоциите со што е можно поголем број на луѓе.Со возбудата на моментот на правењето на фотографијата, фотографиите ги облагородуваат сите кои малку подзаборавиле да комуницираат со природата. Оваа изложба е токму посетување за сите посетители да уживаат во природата и ако добијат инспирација да се возвишат кон убавото со својата фотокамера да дадат придонес кон заробувањето на што е можно повеќе страст на која на најубав начин ни ја прикажува фотографот Миле  Илоски.  Изложбата се реализира во рамките на БИТФЕСТ 2013 година, носител на проектот е невладината организација „Биосфера„ во  соработка со НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола. Изложбата ќе биде отворена од 19.07.-23.07.2013 година, во холот на Библиотеката.