Современи трендови на читање на книги

Печати

( 0 Гласа )

Историјата на писмото следи еден спонтан и неопходен развој почнувајќи од камените ѕидови, на кои праисториските луѓе со цртежи ги забележувале своите секојдневни активности. Потоа за писмено изразување се употребуваа камените плочи, па глинените плочи, па кората од дрво. Египќаните пишувале на папирус, а паралелно со папирусот се користеле восочните таблички наречени кодекс. Во средниот век овие материјали ќе бидат заменети со пергаментот како главен материјал на црковните препишувачи. Но, Арапите биле тие кои го развиле производството на книгите со употреба на хартијата и оттогаш продукцијата на книги станува посебна индустриска гранка која својот европски подем ќе го доживее со печатарската машина на Гутенберг. По Гутенберг начинот на издавашто малку се промени се до 1971 година кога Мишел Харт, студент на универзитетот во Илиноис, по пат на универзитетската сметачка мрежа, почнува со дистрибуција на книги во дигитална форма. Од тој момент започна нова револуција во книжевното производство која подразбира електронска верзија на книжевните дела и нивна дистрибуција преку интернет. Првата е-книга за комерцијална употреба беше издадена 1981, но најголемиот развој на електронските книги се бележи дваесет години подоцна. Се проценува дека Амазон, само за 2010 година, продала над 5 милијарди книги во електронска форма и бројот од година на година се повеќе се зголемува.
Сметаме дека луѓето во Битола   имаат стекнато навика за читање од листови многу одамна и како што писмото не ја истисна оралната традиција, така мислиме дека ниту електронското читање нема да ја истисне хартиената. Се разбира, електронското издаваштво е потранспарентно од другите, и големи издавачки куќи се преориентираа на тој бизнис .
Голем дел од нашите читатели немаат можност да ги  видат  и употребат електронските читачи на книги, поради тоа на ден 11.07.2013 година во рамките на БИТФЕСТ 2013 година, се одржа презентација на  новите модели на читачи на книги.