Работилница на тема „Значењето на книгата“

Печати

( 1 Глас )

Со цел да се нагласи важноста на книгата НУУБ Св Климент Охридски на ден 10-ти јули 2013 година, организира работилница на тема „Значењето на книгата“. На работилницата зедоа учество 10 стручни работници , чии трудови се однесуваа на книгата, незјините почетоци, како да се заштитат и се она што е поврзано со книгите. Книгите претставуваат основна храна на човечкиот ум и разум.
Со цел да се нагласи важноста на книгата во рамките на битолското културно лето НУУБ Св Климент Охридски организира работилница на тема „Значењето на книгата“. Десет научни и стручни работници зедоа учество со свои трудови, видувања и сугестии. „Почетоците на првите печатени книги во Македонија“, „Нови светови“, „итањето како потребна активност на човекот“, „Непресушен извор кој го напојува човештвото“, , „Некои аспекти на функциите во 21 век “, „Едно поразлично читателско искуство“, „Изработка на методологија за избор на лектири за основно образование“, „Значењето на книгата“, „Презервација ма заштита на старите книги“ и „Книгата дно нема“, се насловите на трудовите на кои учесниците имаа можност да дискутираат и да ги споделат своите сугестии. И покрај тоа што интернетот е присутен скоро во сите сегменти на животот , сепак книгата се уште го зазема првото место . Од досегашното искуство вработените во битолската библиотека бележат голема читаност на книгите од оваа институција кај сите возрасти.